Pages

Wednesday, July 22, 2015

Накит и кутија за накит

Ова е мојата омилена кутија за накит. Едноставна е, работена со шаблон и паста и ефект со златна паста... Може да се чуваат вакви прстени, работени со embosssing  техника, малку поскапа, но ефектна и многу интересна....





Baroque picture for my girls wall

Е, ова е обид за некоја комбинаторика, па освен декупаж на лесонитна рамка, има и чипка и неколку бисери... Слатка е, романтична, идеална за женска соба!

Стаклени тегли во декупаж техника

Стаклени тегли за чување на ориз, шеќер, брашно, чај и разни тревки и се друго што една домаќинка треба да го има дома... Прво се грундирани со дрвофикс, темпера и вода, потоа се фарбани, па лепење на мотивот и на крај лак - стандардна процедура... Правени од поодамна, но ете сега се сетив да ги фотографирам... И, еве разликата во фотографиите се забележува нели?












Sunday, July 19, 2015

Матална кутија во декупаж

Одамна научивме дека декупаж се прави и на метална кутија, подеднакво добро, како и на дрво, само треба да се среди подлогата. Во овој случај подлогата е всушност боја во сина боја и самата подлога за фарбање на метал. Во еден друг случај кој ќе го објавам дополнително јас прво ја грундирав подлогата, но за тоа - потоа.

И, еве, сметам дека воопшто не е лошо:


И, да не заборавам, сигурно забележувате колкава промена има во фотографиите... Тоа е заради тоа што една личност која е фотограф, всушност ги направи сите овие прекрасни фотографии, а една од кутиите и го носи нејзиното име... Фала и!!!

И, еве уште една тосканска, италијанска, за сушена goji, брусница, боровинка,  а најпосле и сушена маслинка!



Часовник

Од секогаш сакав да направам декупаж на часовник и еве ми се исполни и таа желба, оти нели треба нешто да се посака искрено и Вселената ќе направи заговор сето тоа да стане реалност, тоа уште Паоло Куељо одамна ни го кажа...



Романтични кутии за накит

Е, па драги мои, помина долго време... Зоја веќе има 2,5 години, студирам Психологија, се уште ја работам истата работа, но и понешто плус од она што го запоставив навидум за целиот овој период. Во последно време се занимавам со декупаж... Еднаш една моја пријателка рече: „ Ми доаѓа се да направам во декупаж, во цветови и шаренило!“ и, навистина е така, заразен е, романтичен, нежен и љубовен...
Од она што во последно време го експериментирав, научив неколку важни работи, кои нормално само искуството може да ни ги покаже и тоа:

- Многу е поубаво да се работи Декупаж од оризова харија, отколку со салфетка... и, многу е полесно... Оризовата хартија е поскапа, но секогаш е со големина од А5 и на нејзе се наоѓаат многу мотиви.

- Иако постојат лепила  за декупаж со лак, сепак е поубаво крајниот продукт да се излакира.

- Лакот на водена база е еколошки, но брзо испарува и по некое време сјајот се губи, посебно ако предметот е изложен на сонце. Ова е важно да се знае ако се работи декупаж на мебел. во тој случај сметам дека лакови на нитро база даваат подобар ефект, но имајте на ум дека не се еколошки.

- Оној старински, античен ефект може да се  постигне на повеќе начини, со патина, течна или во тврда состојба, со Битумен, но и со боја во златна или темно кафеава нијанса.

- И, никогаш, ама баш никогаш не смее да се разликува позадината на салфетката или оризовата хартија со онаа на површината на која мотивот ќе биде залепен.

Тоа е она што ми текнува во моментот, во секој случај ќе има дополнувања, посебно во периодот кој следи бидејќи се надевам на поголем ангажман во овој дел.

А, сега накратко дел од кутиите за накит ( има уште, но не успеав да ги сликам)  работени во комбинирани техники :












Оваа е работена со лак за стаклен ефект и контур во црна боја. Чипката е всушност пластична украсна трака, иако ми се чини дека ќе беше подобро вистинска текстилна чипка, но во друга прилика.




Thursday, July 11, 2013

Lepota


Jest, nema na tebi nijednog dela
da se mome oku mogao da skrije,
nijednog prevoja blistavog ti tela
da se moj poljubac na nj spustio nije.

Znam te tako dobro: u rastanku čaše
ti preda me stupaš sva sjajna i živa,
znam kade će suze oko da ti kvase,
znam kad ti se duša miloštom preliva,

a kad u njoj nosiš svu toplinu Juga...
Pa ipak si svakog dana nova meni,
uvek nova, uvek tako čudno druga,
i nikada slična jučeranjoj ženi.

Ta moć tvoja čudna zaslepljava mene
raznovrsnim sjajem, mirisom, i bojom
- Oh, budi jedanput ko i druge žene,
da odahnem najzad pred lepotom tvojom!...

Milan Rakić