Pages

Monday, June 3, 2013

Неколку проекти во декупаж техника

Бев вредна овие денови. Во исто време бев и окупирана со некои лоши мисли, така што работата ми дојде како некој вид терапија. Работев на различни површини, стакло, дрво, метал и пластика. Навистина, најубави резултати се постигнуваат на дрвена површина. Еден стол, една тегла, две стаклени чинии, неколку саксии за цвеќе, стол, кој досега ми служеше како полица за книги и една стара метална кутија од "C kafa", го исполнија моето секојдневие и еве го резултатот:













Saturday, May 25, 2013

Уште малку работа во декупаж

Времето е променливо, облачно, врнежливо и доколку не работам нешто ќе стане депресивно... Чисто во инает на времето  - кутија за салфетки и уште една столица за надвор...


И, конечно 3D шаблон. Правен е со глет маса и како за прв пат, јас сум и повеќе од задоволна... 


Saturday, May 4, 2013

Велигден

Кога моите деца би биле поголеми, мислам дека за Велигден би послужила само црвени јајца. Но, сега кога заедно се радуваме на шаренилото од бои и кога Велигден е весел празник за сите нас, заедно со мојата поголема малечка убавица се обидовме да направиме нешто интересно. Нешто излезе како што треба, нешто за жал, остана само обид, но на крајот сепак кошницата е полна, шарена и весела, баш како што треба за овој најголем ден, кога Христос Воскресе и ни донесе живот!
Еве неколку слики...
 Правени со креп хартија, по рецепт од Coolinarka
 Салфетна техника
Со силиконски печати
 Украсени со хеклани цветови
 Ова се вика „ Се што најдов по дома, залепив“.
 Јас воопшто немам талент за цртање. Овој обид нема веќе да се повтори. Користени се акрилни бои.
 Интересна идеја превземена од тука . На мене  за жал не ми успеа. Се обидов со 3 вратоврски, со прекрасни дизајни, но еве само од оваа вратоврска нешто излезе. Мислам дека нема повторно да се обидам со оваа техника.







Сепак се на се не е лошо, нели?



Ве чекам на кафе!

Пролет е, ден пред Велигден, Велика Сабота... Кафе во мојата нова шоља, тераса со новите ролетни, мирис на прекрасно цвеќе... Циганка на ѕидот ( ме фасцинира тоа што не и се гледа лицето, па можам да ја замислувам како мајка, љубовница, осамена пријателка... Зависи од моментот..., сега е Убава Циганка), последните стихови на Борхес до неа и пет украдени минути за себе...
Ве чекам на кафе!





И, еве поминаа и моите пет минути








Tuesday, April 30, 2013

Саксии во декупаж техника

Решив да ги освежам пластичните саксии и да и дадам некој нов шмек на пролетната тераса. Ова се  некои од саксиите кои ги правев изминативе денови.
Тоа се пластични саксии, на кои прво им е напрваена подлога од глет смеса ( дрвофикс, бела акрилна боја и вода ). На некои места има само дрвофикс, кој во комбинација со акрилна боја дава ефект на испуканост ( поевтина варијанта за Антик лак :) ). Потоа два до три слоја акрилна бела боја, салфетка и акрилен лак.





Редизајн

Не знам дали е соодветно да се нарече овој пост „Редизајн“ или би требало да кажам „Пред и Потоа?“ Ова е мој прв “капитален“ проект и се надевам нема да ми забележите за поголемиот број постирани слики... Како е да е, ова се две столици и маса најдени некаде во нечија визба, кои ги добив на подарок, како добра подлога за учење и усовршување на техниката декупаж. Учењето и мојата прва домашна задача се покажаа доста успешни, па се надевам дека ќе продолжам во таа насока.
Техниката е веќе позната - Vintage chabby chic. Акрилни бои во браон нијанска, слонова коска, бела, окер и златна, малку восок, салфетка, силиконски печати, шмиргла и лак.
Наредниве четири месици своето место ќе го најдат на терасата, а потоа ќе смислиме нешто.

                              ПРЕД


ПОТОА






 И, конечно го заслужив своето кафе






Wednesday, April 24, 2013

Проекти довршени и недовршени

Дали објавив дека на 20.02.2013 станав мајка по втор пат? Се роди уште една манекенка, слатка, мала и прекрасна... Заради тоа и ме немаше подолго... Некои работи беа почнати, некои започнав во меѓувреме... Станав крадец на сопствениот сон... Инсипацијата ме обзема, боите и зеленилото пролетно не ми дозволуваат да спијам...Сепак и мојот Живот (Зоја) е прекрасно бебе, кое уште повеќе ме полни со енергија.
Сите овие слики се обиди за декупаж на различни подлоги, освен капчето за Зоја. Зборувам за декупаж на картонска каутија, топчиња од дас маса претворени во ѓердан, декупаж на рамка од дрво и на стаклена тегла. Јас лично најмоногу сум задоволна од ѓерданот, додека сите други работи се само обиди...


Ова се привезоци и обетки од дас маса кои ќе почекаат додека да бидат декупажирани.

Во момнетот работам на саксии и делови од мебел со декупаж, кои се надевам ќе бидат завршени за најмногу една недела од сега ( си дадов рок до Велигден - 5 Мај ) за кои ќе бидете навреме информирани.