Pages

Wednesday, February 29, 2012

Дрво на хеклерајот!

Дрво на хеклерајот, обичен ѓердан и малку поп-арт!
Photo Collage

Wednesday, February 22, 2012

Малку, по малку...


Овој конец го најдов во една скопска продавница за конец, а која последен пат направила порачка пред некои 20 година ( навистина е тешко да се најде конец кај нас во Македонија ) и купив две клопчиња со намера да направам шал. Веднаш штом го купив одлучив прво да направам цвет, а потоа шал. Тоа беше пред 3 месеци. Конечно цветот-брош го завршив пред три дена!
А, завчера барајќи конец по фиоките, наидов на оваа капа, започната и направена пред 2 години и заборавена. Не ми се допаѓаше бојата, се сеќавам.. И, еве ја сега! Ги поправив краевите, направив убава бордура, неколку цветчиња, едно топче и тарарам - готово е! Таиса ќе носи цветна капа оваа пролет!
Навистина е убаво кога нешто неочекувано ќе се случи. Сопнтаните мигови се најубави. Спонтан попладневно кафе со пријателка, спонтан муабет, спонтана љубов. Како се вели - Господ се смее на нашите планови! - па затоа:
ДА ЖИВЕЕ СПОНТАНОСТА!

Wednesday, October 26, 2011

За Таиса



Ќерка ми мисли дека ѓерданот е за неа... Капутот е нејзин, чисто за да направам ефект. Навистина поверува dека е за нејзе, ќе биде весело кога ќе го побара да го носи

Tuesday, October 25, 2011

Шик ѓердан





И, оние црвени топчиња не се правени туку - така. Правени се за еден ѓердан кој е порачан многу одамна, ама кој требало дури сега да биде готов . Му благодарам на трпението на оној кој ќе го добие ѓерданот.
А, оваа шик црвено-златна комбинација ќе биде одлична на кошула, ролка, марама или шал. Како и да воопшто не се сомневам дека сопственикот ќе направи лоша комбинација!

Како да се опхекла едно дрвено топче?

Се сеќавам кога пред неколку години се учев во техниката - Хеклање, за мене беа вистинкочудо сите оние хеклани топчиња кои ги среќевав по најразлични блогови... Ми помогнаа некои туторијали, но на крајот сама сватив како да се опхекла едно топче... А, па кога го опхеклав првото, е тоа беше Јупиииииии. Ќе се обидам малку да им помогнам на сите ониe кои се почетници во хеклањето.

Потребно е малко дрвено допче со отвори од двете страни, малку конец, игла и желба!
Моето точе е со пречник 2 см, користам игла бр. 2,5, за памучен конец, а може и игла бр. 3, со која го опхеклав најголемото топче, кое ќе го видите во следниот пост.
Користиме само два бода SC - бод без наметка и SLST - бод за спојување.
Нанижете ланче од 4 бода

Спојте го ланчето и после во секој бод направете по две SC. На крај треба да имате вкупно 8 SC.

Во вториот ред - 1 SC, 2 SC - 4 пати. Вториот ред има 12 SC.

Во третиот ред 1 SC, 1 SC, 1 SC, 2 SC. Повторете 3 пати и на крај треба да имате 15 SC.
Може крајот да го означите со конец во друга боја за да знаете каде е почетокот на секој следен ред, оти сега ќе треба да се хеклаат два реда во круг, одноно по едно SC во секој бод.

Сега можете да го ставите топчето внатре.
Доколку хекланиот дел покрива повеќе од пола топче, време е да се почне со стеснување, доколку не, ќе се опхекла уште еден ред во круг. Јас веќе морам да започнам со стеснување. Од почетокот на редот, т.е од границата на белиот конец почнувам со 1SC, 1 SC, прескокнувам еден бод, 1 SC. Повторувам до крај на редот.
Во следниот ред - 1SC, прескокнувам еден бод, па 1 SC. Така до крајот на редот.
На крај поврзувам со SLST.
Краевите кои висат ги вовлекувам во внатрешноста.

Топчето е готово!

Пом-пом шал


Каква ќерка, таква мајка или обратно беше? Зима, зиме е па нека е и за мене...
Употребив друга техника за изработка на овој шал, од 3 волници од по 50 гр, нанижав 7 ланчиња во должина од 110 бода и потоа сите седум ги соединив во некој форма како слободна плетенка, а само краевите ги зацвртив... Полесно здравје!
Ем е полесен, ем паѓа поубаво, ем е подолг....


Sunday, October 23, 2011

Зима, зима, е па нека е...




Се уште не дошла, но ние се спремаме топло да ја пречекаме!