Pages

Tuesday, April 30, 2013

Саксии во декупаж техника

Решив да ги освежам пластичните саксии и да и дадам некој нов шмек на пролетната тераса. Ова се  некои од саксиите кои ги правев изминативе денови.
Тоа се пластични саксии, на кои прво им е напрваена подлога од глет смеса ( дрвофикс, бела акрилна боја и вода ). На некои места има само дрвофикс, кој во комбинација со акрилна боја дава ефект на испуканост ( поевтина варијанта за Антик лак :) ). Потоа два до три слоја акрилна бела боја, салфетка и акрилен лак.





Редизајн

Не знам дали е соодветно да се нарече овој пост „Редизајн“ или би требало да кажам „Пред и Потоа?“ Ова е мој прв “капитален“ проект и се надевам нема да ми забележите за поголемиот број постирани слики... Како е да е, ова се две столици и маса најдени некаде во нечија визба, кои ги добив на подарок, како добра подлога за учење и усовршување на техниката декупаж. Учењето и мојата прва домашна задача се покажаа доста успешни, па се надевам дека ќе продолжам во таа насока.
Техниката е веќе позната - Vintage chabby chic. Акрилни бои во браон нијанска, слонова коска, бела, окер и златна, малку восок, салфетка, силиконски печати, шмиргла и лак.
Наредниве четири месици своето место ќе го најдат на терасата, а потоа ќе смислиме нешто.

                              ПРЕД


ПОТОА






 И, конечно го заслужив своето кафе






Wednesday, April 24, 2013

Проекти довршени и недовршени

Дали објавив дека на 20.02.2013 станав мајка по втор пат? Се роди уште една манекенка, слатка, мала и прекрасна... Заради тоа и ме немаше подолго... Некои работи беа почнати, некои започнав во меѓувреме... Станав крадец на сопствениот сон... Инсипацијата ме обзема, боите и зеленилото пролетно не ми дозволуваат да спијам...Сепак и мојот Живот (Зоја) е прекрасно бебе, кое уште повеќе ме полни со енергија.
Сите овие слики се обиди за декупаж на различни подлоги, освен капчето за Зоја. Зборувам за декупаж на картонска каутија, топчиња од дас маса претворени во ѓердан, декупаж на рамка од дрво и на стаклена тегла. Јас лично најмоногу сум задоволна од ѓерданот, додека сите други работи се само обиди...


Ова се привезоци и обетки од дас маса кои ќе почекаат додека да бидат декупажирани.

Во момнетот работам на саксии и делови од мебел со декупаж, кои се надевам ќе бидат завршени за најмногу една недела од сега ( си дадов рок до Велигден - 5 Мај ) за кои ќе бидете навреме информирани.



Sunday, February 17, 2013

Три рамки во декупаж и една кутија за чевли

Фотографиите се со најлош квалитет, но сликани се со мобилен телефон :(
Првата е обоена со акрилна боја и потоа само е нанесен шаблон со златна боја, втората е со класичен декупаж во салфетна техника и кај последната направив обид за распукување со неразреден дрвофикс, но еве мене не ми успеа. На крајот излезе како да ставив една врз друга боја






Ова е обична кутија за чевли, обоена со бела акрилна боја и нанесен мотиф од салфетка. Она што не го препознавате како златна нијанса на горниот дел е неуспешен шаблон
Еден совет во врска со боењето на поголема површина - УПОТРЕБУВАЈТЕ СУНЃЕР ИЛИ ВАЉАК,  четката остава траги и се добиваат груби и забележливи остатоци од движењето на четката. Како и да е, ова е прва обработена кутија и во неа ќе се сместат салфетките.




Saturday, February 16, 2013

Уште едно видео од Pixar

Видеово ме враќа во детството, во градинка можеби... Кој е грдото пајче?! Кој последен се смее најслатко се смее :) , а убавата мисла може да го отвори и небото за нас...

Flower crochet e-book



Оваа книга е купена од Mypicot . Таму можете да најдете интересни туторијали за различни мотиви, Lace, Irish хеклање и сл. кои се бесплатни, а се одлични. Мене од секогаш ми се допаѓале хекланите цветови, не случајно блогов се вика Цветна приказна :) па морав да ја порачам и оваа книга
Ова е линкот од каде можете да ја симнете книгата 

Wednesday, February 13, 2013

KIWI CORTO

Сон кој станува реалност. Некогаш еден миг може да вреди како целиот живот. А, што е животот, ако не замислен идеал кој треба да го оствариме?!
И, да ми ги отсечете крилјата, јас се уште можам да летам. ЕДНОСТАВНО МОЖАМ!!!