Pages

Tuesday, November 9, 2010

ГИЈОМ МИСО


Не сакам да го именувам постов со име на неговиот роман... Оти, кој да гo изберам? "Затоа што те љубам" или пак "А потоа", кој? Кога би можела сите... Како би звучело" А потоа, Што би правел јас без тебе, Затоа што те љубам?"
Се сеќавам дека ваков трепет чувствував кога ги читав книгите од Николo Аманити, а посебно "Није ме страх"...
Исто и сега, треперам зашто не можам да ги соберам сите чувства во моето малечко срце... Да се љуби толку, можно ли е? Сигурно е , кога човекот веќе пишувал за тоа...
А, тој Мисо е млад, роден 1974 година, но толку длабок и вистински, што ништо друго не посакувам освен да го запознаам и да му честитам. Од се срце, на ваквите романи... By the way само што ја затворив последната страничка од "А потоа" ( повеќе ми се допаѓа од неговиот прв роман ) и посакав веднаш да ви раскажам... колkу е добар овој ГИЈОМ МИСО!
"... МИСЛАМ ДЕКА СИ СОЗДАДЕН ЗА МЕНЕ - СЕ ПОШЕГУВА ТАА.
ТОЈ ЈА СПУШТИ РАКАТА НА НЕЈЗИНИТЕ ГРАДИ.
"ШТО САКАШ ДА КАЖЕШ?"
ТАА ЈА ПРОДОЛЖИ СВОЈАТА ИГРА:
''КОГА СУМ ЗАЧНАТА, ВЕРУВАМ ДЕКА НЕКОЈА ДОБОРНАМЕРНА СИЛАСЕ НАДНЕЛА НАД МЕНЕ И РЕШИЛА ЗА ПРИДРУЖНИК ДА МИ ДАДЕ НЕКОЈ СО КОГО БИ СЕ СООЧИЛА СО ТЕШКОТИИТЕ НА ОВОЈ СВЕТ".
"И ТАКА НА НАЈВИСОКО НИВО БИЛО ОДЛУЧЕНО ЗА МОЕТО НАСТАНУВАЊЕ?" РЕЧЕ ТОЈ СМЕЕЈЌИ СЕ.
''ТОКМУ ТАКА. МОЖЕШ ЗНАЧИ СРДЕЧНО ДА МИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИШ", ПРОШЕПОТИ ТАА БАКНУВАЈЌИ ГО."ДА НЕ БЕВ ЈАС, СИГУРНО НИ ТИ НЕ БИ ГО ВИДЕЛ БЕЛОТО ВИДЕЛО."

1 comments:

Anonymous said...

"А потоа" е всушност негов прв роман издаден 2004 година. "Дали ме чекаш" е роман од 2006 а веке 2007 го издава и "Затоа что те љубам". "Што би правел јас без тебе" е од 2009. Додека пак неговите останати 4 романи од Спаси ме(2005), Јас доаѓам да ви...(2008), Девојка на хартија(2010) и Повикот на ангелот(2011) се сеуште не преедени на македонски јазик а верувам дека се исто толку прекрасни како и оние 4 кои им се достапни на читателите во Македонија.

Post a Comment