Кога размислувам како научив да хеклам или да се занимавам со филц или пак со декупаж, која техника активно ја проучувам деновиве, се сеќавам на потрагата по нет, видеата, туторијалите, книгите.... Многу сум им благодарна на сите оние кои несебично го делат своето знаење и постираат видеа, скенираат книги, даваат совети, отвараат теми на форуми. Во таа насока, сакам да дадам мал придонес до сите оние кои го посетуваат овој блог и се интересираат за техниката на хеклање, плетење, филц или декупаж. Од денеска ќе се обидам постепено да скенирам барем поинтересни делови од книгите кои што ги имам и истите ќе можете да ги најдете во Labelot - e-book. За почеток поставив една од моите омилени, а тоа е книгата за 100-те хеклани и плетени цветови :) , како и некои шеми за различни мотифи и цветови кои веќе ги имав во мојот Picasa web album.
Се надевам ќе уживате во ќитањето и креирањето.
Autumn inspitarion
14 years ago
2 comments:
супер, јас многу сакам да плетам и да шијам и да правам накит од монистри, глина, филц... ама со плетењето многу споро ми оди. баш би ми дошле добро туторијали за разни плетки и техники.
Супер, се надевам дека ќе најдеш нешто интересно...
Post a Comment