Шалот е работен со прекрасен конец, купен во Тетекс Скопје. Во себе содржи волна и микслам некој процент на синтетика. Но, навистина е прекрасен, пријатен на допир и исклучително мек. Изработен е од 5 парчиња волница од 50 гр.
Отпрвин мислев дека го правам за себе, но излезе дека на мојата мала манекенка и стои сто пати подобро.
Во продолжение се наоѓа шемата за изработка на овој плет и е превземена од Crochet inspiration , но се работи за поголем формат на книга, која е тешко да се скенира, но ќе се обидам дел по дел и шеме по шема да ги поставам на блогот. Првата слика се однесува на појанувањата околу бодовите, а после и самата шема, онаа која е заокружена со црвено.
И, еве уште една шема од истата книга:
2 comments:
super izgleda slaceto na manekenkata...bravo!
Не е до шалчето, до манекенката е :)
Post a Comment