Pages

Sunday, July 19, 2015

Романтични кутии за накит

Е, па драги мои, помина долго време... Зоја веќе има 2,5 години, студирам Психологија, се уште ја работам истата работа, но и понешто плус од она што го запоставив навидум за целиот овој период. Во последно време се занимавам со декупаж... Еднаш една моја пријателка рече: „ Ми доаѓа се да направам во декупаж, во цветови и шаренило!“ и, навистина е така, заразен е, романтичен, нежен и љубовен...
Од она што во последно време го експериментирав, научив неколку важни работи, кои нормално само искуството може да ни ги покаже и тоа:

- Многу е поубаво да се работи Декупаж од оризова харија, отколку со салфетка... и, многу е полесно... Оризовата хартија е поскапа, но секогаш е со големина од А5 и на нејзе се наоѓаат многу мотиви.

- Иако постојат лепила  за декупаж со лак, сепак е поубаво крајниот продукт да се излакира.

- Лакот на водена база е еколошки, но брзо испарува и по некое време сјајот се губи, посебно ако предметот е изложен на сонце. Ова е важно да се знае ако се работи декупаж на мебел. во тој случај сметам дека лакови на нитро база даваат подобар ефект, но имајте на ум дека не се еколошки.

- Оној старински, античен ефект може да се  постигне на повеќе начини, со патина, течна или во тврда состојба, со Битумен, но и со боја во златна или темно кафеава нијанса.

- И, никогаш, ама баш никогаш не смее да се разликува позадината на салфетката или оризовата хартија со онаа на површината на која мотивот ќе биде залепен.

Тоа е она што ми текнува во моментот, во секој случај ќе има дополнувања, посебно во периодот кој следи бидејќи се надевам на поголем ангажман во овој дел.

А, сега накратко дел од кутиите за накит ( има уште, но не успеав да ги сликам)  работени во комбинирани техники :












Оваа е работена со лак за стаклен ефект и контур во црна боја. Чипката е всушност пластична украсна трака, иако ми се чини дека ќе беше подобро вистинска текстилна чипка, но во друга прилика.




0 comments:

Post a Comment