Pages

Sunday, February 17, 2013

Три рамки во декупаж и една кутија за чевли

Фотографиите се со најлош квалитет, но сликани се со мобилен телефон :(
Првата е обоена со акрилна боја и потоа само е нанесен шаблон со златна боја, втората е со класичен декупаж во салфетна техника и кај последната направив обид за распукување со неразреден дрвофикс, но еве мене не ми успеа. На крајот излезе како да ставив една врз друга боја






Ова е обична кутија за чевли, обоена со бела акрилна боја и нанесен мотиф од салфетка. Она што не го препознавате како златна нијанса на горниот дел е неуспешен шаблон
Еден совет во врска со боењето на поголема површина - УПОТРЕБУВАЈТЕ СУНЃЕР ИЛИ ВАЉАК,  четката остава траги и се добиваат груби и забележливи остатоци од движењето на четката. Како и да е, ова е прва обработена кутија и во неа ќе се сместат салфетките.




Saturday, February 16, 2013

Уште едно видео од Pixar

Видеово ме враќа во детството, во градинка можеби... Кој е грдото пајче?! Кој последен се смее најслатко се смее :) , а убавата мисла може да го отвори и небото за нас...

Flower crochet e-book



Оваа книга е купена од Mypicot . Таму можете да најдете интересни туторијали за различни мотиви, Lace, Irish хеклање и сл. кои се бесплатни, а се одлични. Мене од секогаш ми се допаѓале хекланите цветови, не случајно блогов се вика Цветна приказна :) па морав да ја порачам и оваа книга
Ова е линкот од каде можете да ја симнете книгата 

Wednesday, February 13, 2013

KIWI CORTO

Сон кој станува реалност. Некогаш еден миг може да вреди како целиот живот. А, што е животот, ако не замислен идеал кој треба да го оствариме?!
И, да ми ги отсечете крилјата, јас се уште можам да летам. ЕДНОСТАВНО МОЖАМ!!!

Saturday, February 9, 2013

Да се запознеме со Декупаж техниката - Decoupage techniks

Јас нема да пишувам за декупаж техниката заради тоа што се уште сум почетник и ја откривам оваа авантура. Но, сакам со Вас да го споделам преркрасниот блог на Dokona domacica на кој што се наоѓаат прекрасни текстови за историјата и воедно за целата техника на Декупаж. Се за салфетната техника, акрилните бои, лепилата и основните техники можете да прочитате Овде .

Малку историја за хеклањето

И, како што кажува насловот, малку да се запознаеме со хеклањето:





Убав портокалов шал со шема ( Nice crochet shawl with pattern )

Шалот е работен со прекрасен конец, купен во Тетекс Скопје. Во себе содржи волна и микслам некој процент на синтетика. Но, навистина е прекрасен, пријатен на допир и исклучително мек. Изработен е од 5 парчиња волница од 50 гр. 





Отпрвин мислев дека го правам за себе, но излезе дека на мојата мала манекенка и стои сто пати подобро.


Во продолжение се наоѓа шемата за изработка на овој плет и е превземена од Crochet inspiration , но се работи за поголем формат на книга, која е тешко да се скенира, но ќе се обидам дел по дел и шеме по шема да ги поставам на блогот. Првата слика се однесува на појанувањата околу бодовите, а после и самата шема, онаа која е заокружена со црвено.






 И, еве уште една шема од истата книга: