Pages

Sunday, February 17, 2013

Три рамки во декупаж и една кутија за чевли

Фотографиите се со најлош квалитет, но сликани се со мобилен телефон :(
Првата е обоена со акрилна боја и потоа само е нанесен шаблон со златна боја, втората е со класичен декупаж во салфетна техника и кај последната направив обид за распукување со неразреден дрвофикс, но еве мене не ми успеа. На крајот излезе како да ставив една врз друга боја






Ова е обична кутија за чевли, обоена со бела акрилна боја и нанесен мотиф од салфетка. Она што не го препознавате како златна нијанса на горниот дел е неуспешен шаблон
Еден совет во врска со боењето на поголема површина - УПОТРЕБУВАЈТЕ СУНЃЕР ИЛИ ВАЉАК,  четката остава траги и се добиваат груби и забележливи остатоци од движењето на четката. Како и да е, ова е прва обработена кутија и во неа ќе се сместат салфетките.




3 comments:

Handmade cards said...

Mnogu mi se dopaga kutijata vo dekupaz tehnika, OSOBENO liniite koi ostanale od cetkata i davaat poseben efekt!
Kako za prva izrabotka, e mnogu profesionalno!
Imam i prasanje, kako ja rabotis ovaa tehnika? Ima li kaj nas vo Makedonija specijalen lepak i lak za dekupaz, ili uspea da gi zamenis so nesto sto veke go imame vo prodavnicite?
Pozdrav!

cvetnaprikazna said...

Извини, што ти одговарам дури сега... Значи потребно ти е лепак Дрвофикс, акрилни бои за фасада, салфетки, лак на нитро база или на водена база,кој е подобар и воедно не е штетен. Ова се поевтини замени. Во претходните постови има објаснувања за техниката, па можеш да разгледаш, а за се друго слободно пиши.
Поздрав

Anonymous said...

Pogledajte mojju stranicu : http://www.facebook.com/MdfCarolijeZaDekupaz

Post a Comment