Првата е обоена со акрилна боја и потоа само е нанесен шаблон со златна боја, втората е со класичен декупаж во салфетна техника и кај последната направив обид за распукување со неразреден дрвофикс, но еве мене не ми успеа. На крајот излезе како да ставив една врз друга боја

Ова е обична кутија за чевли, обоена со бела акрилна боја и нанесен мотиф од салфетка. Она што не го препознавате како златна нијанса на горниот дел е неуспешен шаблон

Еден совет во врска со боењето на поголема површина - УПОТРЕБУВАЈТЕ СУНЃЕР ИЛИ ВАЉАК, четката остава траги и се добиваат груби и забележливи остатоци од движењето на четката. Како и да е, ова е прва обработена кутија и во неа ќе се сместат салфетките.